Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од овој петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјалните веб-страници. Ваквата новина е резултат на измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапуваат во сила од утре.

Од Здружението на приватни аптеки побараа аптеките да бидат ослободени од објавување цени на интернет. Според нив, обврската е несоодветна затоа што не се обични трговци и ќе создаде дополнителен товар за фармацевтите.

Барањата ги испратиле до Министерството за економија и кабинетот на премиерот.

Од Владата потврдија дека барањето е пристигнато и ќе биде разгледано.

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од овој петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјалните веб-страници. Ваквата новина е резултат на измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапуваат во сила од утре.

Во февруари пратениците го изменија законот за потрошувачи и им дадоа рок од 45 дена на трговците за да се прилагодат. Тој што нема да го почитува законот ќе добие казна и до 10 илјади евра.