Црвен крст собра повеќе од два милиони евра за настраданите во Кочани

Денес Црвенот крст на РСМ изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари.

Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.04.2025 година собрани се 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани.

Денес Црвенот крст на РСМ изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.