Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова и Кос размениле мислења за европската перспектива на Северна Македонија и итноста од забрзување на евроинтегративниот процес. Зајкова истакнала дека Македонија не смее да биде изоставена на европскиот пат, кој треба да се темели исклучиво врз основа на критериумите од Копенхаген, соопшти ЛДП.

– „Македонија мора да ја направиме подготвена како Исланд за членство, да бидеме со усогласено законодавство и европски стандарди дома, а Европската Унија да биде искрена, брза и креативна во поддршката на нашиот европски пат, вреднувајќи го напредокот на земјите според исполнетоста на стандардите и вредностите на ЕУ односно согласно Копенхашките критериуми“, истакнала претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, на средба со еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, одржана денеска во рамки на Форумот ЕУ-Западен Балкан.

Зајкова и Кос размениле мислења за европската перспектива на Северна Македонија и итноста од забрзување на евроинтегративниот процес. Зајкова истакнала дека Македонија не смее да биде изоставена на европскиот пат, кој треба да се темели исклучиво врз основа на критериумите од Копенхаген, соопшти ЛДП.

На средбата е договорена и скорешна официјална посета на Брисел на Зајкова, која е воедно и претседателка на либералите од југоисточна Европа – ЛИБСЕН. Заеднички став на средбата бил дека кредибилна европска перспектива за Западен Балкан е клучна за стабилност и развој на регионот.

Зајкова уште еднаш се заблагодарила на ЕУ за итната реакција по трагедијата во Кочани, посочувајќи ја вклученоста на Македонија во Европскиот систем за справување со кризи како одличен пример дека целосната европска интеграција има огромно значење за секојдневниот живот на македонските граѓани, стои во соопштението од ЛДП.