Лајчак од Подгорица: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива
Мирослав Лајчак – специјалниот пратеник на Европската Унија денеска во Подгорица изјави дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива.
„Не треба да барате алтернатива, господине Ѓукановиќ. Процесот е многу побавен отколку што се надевавме и сакавме, рече Лајчак, обраќајќи му се на црногорскиот претседател на Балканскиот форум за интеграција во Подгорица, наведувајќи ги „објективните околности што влијаеле на тоа. Не слушнав ниту еден функционер од земјите членки на ЕУ да каже дека има алтернатива. Единствена алтернатива е полноправното членство на овие земји во ЕУ“ рече Лајчак.
Тој нагласи дека ЕУ мора да биде сигурна дека новите членки нема да донесат дополнителни проблеми.
„Мора да се зајакне функционалноста и да не внесуваат внатрешни проблеми. Она што се плашам е дека го губиме Западен Балкан, кој е посветен на нашите вредности. Наместо да создаваме владеење на правото, независни медиуми, граѓанско општество, деполитизирано судство, ние се движиме во насока на зајакнување на нелибералните, авторитарни тенденции. Ваквиот Балкан ќе биде „инструмент за поткусурување“ за стратешките интереси на другите играчи. Затоа треба да го забрзаме процесот на проширување. Треба реално да ги согледаме работите и колку силни позитивни сигнали испраќа регионот кон ЕУ. Треба да го забрзаме процесот, но не само да ја критикуваме ЕУ, туку реално да видиме колку позитивни сигнали испраќа регионо“ – рече Лајчак.