Новиот сој на коронавирус „омикрон“ се верува дека е многу позаразен од останатите варијанти

„Омикрон“ – така е наречен новиот сој на коронавирус кој првпат беше идентификуван во Јужна Африка.

Засега варијантата која беше позната како Б.1.1.529 е регистрирана во Белгија, Боцвана, Хонг Конг и Израел, а се верува дека е многу позаразна од другите варијанти на коронавирус.

СЗО соопшти дека прелиминарните докази покажуваат дека дури и оние кои веќе имале ковид, може да се заразат со омикрон. Оваа варијанта на вирусот има 30 мутации.

Сè уште не е познато дали оваа варијанта предизвикува посериозни клинички слики од бета и делта варијантите на коронавирусот.