
Одбележување на Светскиот ден на уметноста со настанот „Центарски улици 3“
На улица „Македонија“ денеска со почеток од 17 часот, Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“.
На улица „Македонија“ денеска со почеток од 17 часот, Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“.
На настанот ќе настапат улични живи статуи од продукцијата „Театроск“, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште „Лазар Личеноски“, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „Заедно“ кој ќе се созададе на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија (ЕУ за тебе).
„Центарски улици 3“- Светски ден на уметноста е проект поддржан од прогармата за култура на Општина Центар за тековната 2025 година.