Лидерот на Емиратите ја прими македонската делегација на чело со Мицкоски
Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. На средбата и двајцата ја истакнавме потребата од многу поблиски односи, многу поплодни односи, а јас ги образложив нашите цели како Влада, но истовремено, го поканив претседателот на ОАЕ, да ја посети Македонија, а нормално, бизнис заедницата од ОАЕ одблиску да ги согледа сите можности за директно инвестирање во делот на туризмот, инфраструктурата, енергијата, земјоделството“, истакна премиерот Мицкоски.
Во рамките на официјалната посета на ОАЕ, премиерот Мицкоски и владината делегација ја посетиле големата џамија „Шеик Заед“ во Абу Даби од бел мермер.
Во деновите коишто следат, премиерот Мицкоски, како што соопшти владината прес-служба, ќе има средби со стопанските комори на Емиратите – Дубаи, Абу Даби, Шарџа, како и многу средби со компании коишто се присутни во регионот и коишто покажуваа интерес да инвестираат кај нас, дома во Македонија.