Предлог законот за јавното обвинителство според препораки на ЕУ е објавен на ЕНЕР

Со предлог законот за првпат се доуредува постапката за избор на јавниот обвинител на РСМ, со вградување на препораките од Оценската мисија за транспарентен избор на најдобрите кандидати за јавен обвинител на Македонија. Дополнително, предвидени се прецизни рокови за сите постапки за избор, унапредување или дисциплински постапки, со што се надминуваат дел од недоследностите кои во пракса покажаа поразителни резултати.

Предлог законот за јавното обвинителство, кој е обврска од Реформската агенда за ЕУ, е објавен на ЕНЕР. Овој закон е од исклучително значење за унапредување на владеењето на правото и е подготвен во согласност со Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028 и Акцискиот план за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028).

Предложените решенија во однос на јавнообвинителскиот буџет ќе овозможат за првпат јавното обвинителство самостојно да располага износ од најмалку 0.5% од Буџетот. Досега, и покрај сите наводно спроведени реформи во правосудството, никогаш не беа обезбедени целосно просторните, технички и други услови за да се овозможи ефикасна работа на јавното обвинителство и борба против организираниот криминал и корупцијата.

Со предлог законот за првпат се доуредува постапката за избор на јавниот обвинител на РСМ, со вградување на препораките од Оценската мисија за транспарентен избор на најдобрите кандидати за јавен обвинител на Македонија. Дополнително, предвидени се прецизни рокови за сите постапки за избор, унапредување или дисциплински постапки, со што се надминуваат дел од недоследностите кои во пракса покажаа поразителни резултати.

Според Реформската агенда, овој закон заедно со Законот за Совет на јавни обвинители треба да се донесат најдоцна до декември 2025 година.