
Македонски тимови од СТЕМ Академијата учествуваат на натпревар во роботски спортови на грчкиот остров Крит
Седуммина ученици на возраст од 13 до 18 години, поделени во три тима учествуваат на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Седуммина ученици на возраст од 13 до 18 години, поделени во три тима учествуваат на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда Бошковска, поделени во тимовите „Space walkers“, „Space walkers Jr“ и „Space walkers girls“ и предводени од двајца едукатори-тренери, ја претставуваат земјава на Олимпијадата.
Учениците се од СТЕМ Академијата, од каде што за МИА велат дека нашите тимови учествуваат во најтешката дисциплина петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задачи.
Олимпијадата беше свечено отворена синоќа, ќе трае до 14 април а учествуваат 50 земји и 1.800 тимови.
Минатиот викенд, ученици од СТЕМ академијата учествуваа на Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина од каде што се вратија со пет награди.
Македонските ученици, на возраст од осум до 12 години, се натпреваруваа во две категории, поделени во пет тима, два во помала и три во поголема категорија и имаа различни задачи и предизвици за кои со помош на роботиката со лего коцки, требаше да најдат решенија на задачи за преживување на Марс.