
Од „Кој е следен“, бараат правда за жртвите во сите досегашни трагедии
Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и поднесени до Владата но како што рече, властите повеќе посветуваат внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата.
Од пред Владата преку Судскиот совет и законодавниот дом до Кривичниот суд, попладнево се одржа четвртиот протестен марш на граѓанската иницијатива „Кој е следен?”, барајќи правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот.
Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и поднесени до Владата но како што рече, властите повеќе посветуваат внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата.
Упати апел до сите граѓани да го кренат својот глас против неправдата.
– Не треба да ги заборавиме сите овие трагедии. Протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега, за кои властите се запознаени. Но, тие повеќе се вртат за тоа кои сме ние, наместо да посветат внимание на тоа што ние бараме, рече Митревска.
Нивните барања се имплементирани во проектот наречен „Визија 0”.
— Конкретно барањата уште претходно ги претставивме, тоа се еден број на кој ќе ги добиеме сите инспекторати истовремено, имаме барања за безбеден град, светлосна сигнализација, граничници на тротоари, тоа е еден цел проект наречен „Визија 0”, кој има 20 барања, рече Митревска.
Во прилог, целосна листа на сите херои кои го бранеа македонскиот систем од злото наречено „Кој е следен?“:
- 2024 – х – Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ;
- 2024 – Талат Џафери и техничката влада;
- 2022-2024 – Димитар Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ;
- 2020-2022 – Зоран Заев и владата на СДСМ, БЕСА и ДУИ;
- 2020 – Оливер Спасовски и техничката влада;
- 2017-2020 – Зоран Заев и владата на СДСМ и ДУИ;
- 2016-2016 – Емил Димитриев и техничката влада;
- 2008-2016 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ;
- 2006-2008 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА;
- 2004-2006 – Владо Бучковски и владата на СДСМ и ДУИ;
- 2004- Хари Костов и владата на СДСМ и ДУИ;
- 2002-2004 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ДУИ;
- 1998-2002 – Љубчо Георгиевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА;
- 1992-1998 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ПДПЧ;
Оваа прекрасна листа на луѓе 35 години се бори за поправеден систем во Македонија, а иницијативата „Кој е следен“ 35 години го попречува напредокот на Македонија.Доколку ги поддржувате горе набројаните народни херои тогаш треба да останете дома и да им помогнете во нивната борба, а доколку сметате дека горе набројаните народни херои не се баш толку праведни како што се претставуваат, тогаш време е за улица, време е за организирање, време е за пркос и отпор“, се вели во иницијативата „Кој е следен“.