
ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан
Европската унија денеска објави повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан со цел да се поддржи економскиот раст на регионот и интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ.
Европската унија денеска објави повик за изразување интерес за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан со цел да се поддржи економскиот раст на регионот и интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европска Економска Зона (ЕЕЗ) и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти, со краен рок до 21 мај.
Европската комисија ќе ги разгледа предлозите и ќе има за цел да ги поддржи најсоодветните проекти преку нејзините политики, технички или финансиски инструменти. Целта е да се поттикнат приватните инвестиции во развојот на инфраструктурата, економската диверзификација, двојната – зелена и дигитална транзиција и интеграцијата во процесот на производството на ЕУ, со цел да се создадат работни места и да се премости јазот на економската конвергенција со ЕУ во согласност со Планот за раст за Западен Балкан.
Комесарот за проширување и источно соседство Марта Кос рече: „Ние не зборуваме само за инвестиции, ние зборуваме за трансформација. Бараме иновативни и транформативни проекти што ќе го водат Западен Балкан напред и ќе ги зајакнат неговите врски со ЕУ. Ги поканувам приватните компании да ја искористат можноста и да ни се придружат на ова патување, да инвестираат, да бидат иновативни, и да ја обликуваат иднината на регионот.
Приоритетните области на Повикот – врз основа на стратешките приоритети наПланот за раст за Западен Балкан и на Инвестициската рамка за Западен Балкан – се следните:
- Зелена транзиција
- Интеграција во индустриските синџири на снабдување/производство на ЕУ
- Неопходнисуровини
- Одржлив транспорт
- Дигитална транзиција
- Одржлив туризам
- Развој на човечки капитал
- Влијание на финансиите
За да се квалификуваат, инвестициските проекти мора да исполнуваат минимален праг од 10 милиони евра, со минимално потребно учество во капиталот/сопствените ресурси од 15% од вкупната вредност на инвестицискиот проект. Дополнителни информации за целта на повикот, критериумите за квалификација и оценување и други детали за начинот на аплицирање може да ги најдете во повикот за изразување интерес call for expressions.