Судијата Ферати ги преполагал испитите, утврдило Обвинителството

Обвинителството во март ја прекинало истрагата за дипломата на судијата Ељведин Ферати бидејќи со одговорите од Просветниот инспекторат се негирани тврдењата на ДКСК од постапка во 2023-та дека сам ги преправал оценките за да ги исполни условите за прием на Академијата за судии и обвинители.

Обвинителството во март ја прекинало истрагата за дипломата на судијата Ељведин Ферати бидејќи со одговорите од Просветниот инспекторат се негирани тврдењата на ДКСК од постапка во 2023-та дека сам ги преправал оценките за да ги исполни условите за прием на Академијата за судии и обвинители, јавува Телма.

За потсетување, тој вчера пресуди две години затворска казна за сега веќе осудениот Менсур Пајазити, кој го призна делото, па јавноста потсети дека Ферати додека бил дел од Универзитетот во Тетово, наводно си ги поправал оцените со пречкртување – постапка која остава простор за сериозни прашања за неговата професионалност и кредибилитет.

-Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014-та година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители, пдговорија од обвинителството.

Ваквата информација на 31.01.2024. година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023-та година.

Откако цела година, предметот “преседел” во Просветниот инспекторат, на почетокот на годината бил испратен и стигнал како доказ во обвинителството, по што предметот за Ферати е затворен.