Владата го прифатила концептот за организација на ресурсен центар за поддршка на општините
Владата денеска на седница го прифатила предложениот концепт за организација на ресурсен центар за поддршка на општините, кој треба да обезбеди сериозна поддршка за јакнење на капацитетите на локално ниво. Тоа, нагласуваат од Владата, ќе доведе до поттикнување на поефикасен локален развој, а паралелно со ова ќе се обезбеди подобрена соработка помеѓу локалната и централната власт.

-Прва компонента која ја опфаќа овој концепт е Фонд за техничка документација (ФТД) – овој финансиски инструмент/шема за грантови за финансирање на општините и на центрите за развој на планските региони, за изработка на сеопфатна техничка документација за проекти за развој на инфраструктурата е веќе пилотиран во рамки на проектот „Градење на општински капацитети за имплементација на проекти“ и се спроведува во партнерски однос од страна на Министерството за локална самоуправа, УНДП и Шведската развојна агенција – SIDA, се вели во денешното соопштение по одржувањето на седницата на Владата.
Втора компонента е поддршка и развој на капацитетите на општинската администрација, а оваа компонента, според Владата, би се реализирала преку обуки, стручна помош, размена на искуства и поддршка на меѓуопштинската соработка.
Третата компонента, појаснуваат од Владата, е прегледност на можности за финансирање на проектна основа-платформа со сите можности за финансирање на проектна основа, следење и интегрирање на сите огласи за распределба на буџетски средства кон општините, како и отворени повици за повлекување на донаторски средства.