Филков: Со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите тешко ќе стасаме до добро решение
Министерот за правда Игор Филков порачува дека е тешко да се стигне до добро решение со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите и бара од СДСМ да предложи нови имиња во работната група за реформската агенда во делот на правосудството.

-Сакам да верувам во добрата намера да се помогне и да се учествува во било каков процес, но мора да бидеме свесни дека со имиња кои учествувале и биле креатори на проблемите тешко ќе стасаме до добро решение. Тие две имиња беа дел во 2023 година во групата што ги правеше уставните измени. Се надевам дека ќе имаат посериозен пристап и ќе дадат нови, рече Филков во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.
Нагласи дека со предложените имиња за работната група сериозно се сомнева дека има искрена намера кај СДСМ да помогнат во процесот.
Лидерот на ДСМ Венко Филипче по неодамнешната лидерска средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата изјави дека се договориле да бидат формирани работни групи за реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.
-Сега ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката кои ќе се вклучат во изработката на законите коишто се дел од реформската агенда, рече тогаш Филипче.