
(Видео) Трилинг: Партизацијата и инструментализацијата на институциите како предвесник на трагедии
Државата еднаш засекогаш мора да сфати дека службена должност не е само привилегија, статус и профит, туку и огромна одговорност, а одговорноста кај нас со децении доцни, изостанува или во најмала рака вината постојано се префрла од еден на друг, а проблемите се наталожуваат.
Државата еднаш засекогаш мора да сфати дека службена должност не е само привилегија, статус и профит, туку и огромна одговорност, а одговорноста кај нас со децении доцни, изостанува или во најмала рака вината постојано се префрла од еден на друг, а проблемите се наталожуваат.
Гости во новото издание на магазинот „Трилинг“ се новинарот Горан Лефков, Д-р Константин Коцев од Градскиот завод за белодробни болести и туберкулоза во Белград, Даниела Рендевска, Претседателка на Инспекциски совет и Умејр Мухамед од граѓанско движење „Кој е следен“.

„Ние живи во гроб немаше да влеземе. Децата си ги изгубивме. Секој по некого изгуби. За да ти се случи еден коруптивен настан, мора целиот круг да биде затворен како струјно коло. Една институција да профункционирала немаше да се случи ова. Да не се лажеме, највиновна е полицијата“, вели новинарот Горан Лефков.

Д-р Константин Коцев од Градскиот завод за белодробни болести и туберкулоза во Белград вели дека при неговото секое доаѓање во родниот град, Кочани, гледа дека градчето делува се потажно и потажно.
„Буквално срцето ми се кине кога од Кочани се враќам кон Белград. Мора да се погледнеме во огледало и да се прашаме себе си дали ние можеме да го постигнеме нивото што го сонуваме“, вели д-р Коцев.

Претседателка на Инспекциски совет, Даниела Рендевска смета инспекциската професија во државава воопшто не е атрактивна.
„За голем број на европски земји е чудно што во државава има инспектори и што има Инспекциски совет, бидејќи тоа за нив е непоимливо. Треба да се има на ум дека инспекторот не може да оди во надзор без да има налог“, вели Рендевска.

„Ние не сме безбедни да излеземе на улица, бидејќи може некој да не згази. Не сме безбедни да одиме на лекар, бидејќи може да ни дадат погрешна терапија. Ние не сме безбедни да одиме во дискотека, ресторан итн.,, бидејќи може да се запали. Ние не сме безбедни никаде, смета Умејр Мухамед од граѓанско движење „Кој е следен“.
Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.