Зекири доби нови 30 дена притвор, не помогна ниту гаранцијата од 280.000 евра

Екс-генералниот секретар на Владата – Мухамед Зеќири добил ново решение за дополнителни 30 дена притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Ова го потврдил неговиот адвокат Александар Трајковски.

Адвокатот Трајковски потврдил дека бил понуден и недвижен имот, како гаранција дека нема Зекири да се даде во бегство, но таа била одбиена од Кривичниот суд. Неофицијално се споемнува дека се работи за сума од 280.000 евра во недвижнини. Најавена е жалба на решението.

Инаку, Зекири негира вина во предметот каде се гони дека склучил договор за консултантски услуги со фирма без спроведена јавна набавка, со што според обвинителката го оштетил Буџетот на државата.

Освен него, Обвинителството товари и двајца хрватски државјани кои се недостапни за органите на прогонот и за нив е распишана локална и меѓународна потерница.

Зекири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.