ДУИ: Истрагата за Кочани е „театар на апсурдот“

За ДУИ истрагата за пожарот во Кочани е театар на апсудрот бидејќи, според нив, сѐ повеќе медиуми, аналитичари, експерти и граѓани се прашуваат како е можно од сите актуелни функционери никој да не одговара за трагедијата.

За ДУИ истрагата за пожарот во Кочани е театар на апсудрот бидејќи, според нив, сѐ повеќе медиуми, аналитичари, експерти и граѓани се прашуваат како е можно од сите актуелни функционери никој да не одговара за трагедијата.

-Министерот за внатрешни работи е 13 месеци на функција. Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци, министерот за економија – 9 месеци, директорот на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци, директорот на Управата за јавни приходи – 9 месеци. Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип. Овие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците. Но, ниеден од нив не одговара.

Наместо тоа, гледаме извртување на правдата: во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание и не можат да го попречат процесот. Дури и студент на прва година од Правен факултет знае дека не постои причински последична врска низ годините, кога сите дозволи и лиценци се обновуваат секоја година. Значи, ова не е правда. Ова е трансакција.

Политички договор во кој премиерот добива можност да ја води судската фарса — емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието, стопирање на вистинската истрага и заштита на луѓето од власта. Но оваа игра е опасна. Оваа неправда, оваа селективна правда, оваа контролирана бура од емоции и закани ќе предизвикаат снежна лавина што ќе го разори правниот поредок, ќе ја уништи довербата во судството, ќе создаде жестока политичка поларизација во која секој ќе фати секого за уши и ќе владее хаос наместо вистина, тврдат од ДУИ порачувајќи дека нема да молчат и да престанат да ја бараат вистината.

-Нема да дозволиме дежурни виновници да се вадат од партискиот тефтер на премиерот, од заробено судство и од политичката корупција“, порачуваат од ДУИ.