Во кампањата на бугарскиот премиер Кирил Петков се бара „Една плата за Украина“, а тој ја започна на неговиот официјален профил на Фејсбук.
„Почнувам јавна кампања за собирање финансиски средства кои што ќе бидат доставени на украинската Влада. Го повикувам секој бугарски државјанин кој сака да и помогне на Украина, како мене, да донира една плата. Зборовите се лесни, но делата се тешки“ – напиша Петков.
Во категоријата граѓани кои ги повикува Петков се и сите Македонци кои поседуваат и бугарски пасоши.