„Не ме повредува кога мојот воен непријател ги чествува загинатите од неговите редови. Ние сме ги убивале. Сметам дека и мотивите и војната во 2001 беше непотребна. Длабоко во себе се чувствувам како победник. Ние победивме затоа што целта на нашиот непријател беше отцепување на територија. Сметам дека тие треба да ги чествуваат нивните. Тие, Албанци се дел од државата, тие имаат право на државата. Осудувам што нема македонско знаме во кабинетот на Ахмети. Мафтање на знаме на Албанија е провокативно за нас. Голем поборник сум да има мир. Бродот наречен Македонија се движи во вистински правец. Нашата несреќа како власт е да решаваме тешки прашања, кој и да е на власт во овие моменти, ќе му е тешко“.
Ова меѓудругото го изјави Стојанче Ангелов – претседател на „Достоинство“ за ТВ24.
Ангелов смета дека „невозможно е сега некој да отцепи дел од територијата на Македонија, кога сме дел од НАТО. Нам не ни треба поддршка од Алијансата, ни треба да не остави сами да си ја завршиме работата. И во 2001 година сами ќе си ја завршевме работата. Ако тогаш продолжеше акцијата во Арачиново, ќе завршевме како Србија со Косово, ако Борис Трајковски не ја послушаше меѓународната заедница“.
„Суровата реалност – ние Македонците мора да научиме да се носиме со некои работи. Во 2001 имаше војна, но ОНА или македонската УЧК се крена да ја ослободи албанската земја од македонските окупатори. Војната заврши, во септември во 2001 УЧК се трансформираше во политичка партија. Над 55% од Албанците тогаш гласаа за ДУИ, Албанците повеќе од половината и дадоа поддршка на ДУИ. Треба да ја почитуваме одлуката на Албанците. Фамозната двојазичност денес не прават проблеми, Албанците ретко го користат во официјална комуникација, а двојазичноста беше воведена во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Во 20015/2016, во општина Чаир се изгради двоглав орел, имаше и тогаш жестока реторика, но не тргнат или оштетен. Ни боде очи, а оној споменик во Липково е далеку од очите за нас Македонците. Кај нас законот не се почитува на неколку нивоа и тоа неколку децении наназад. Тоа е наша слабост“ – вели Ангелов на ТВ24.