
Мицкоски: Ги разбирам оние кои гневот ќе го изразат преку протести, но не ги оправдувам политичките глодари и лешинари
Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев, затоа што уште многу работи треба да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија за да ги исправиме работите“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„За многу работи оваа Влада беше браник, па затоа апелирам да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. А политичките глодари токму преку протести сакаат да добијат некој поен. Јас апсолутно се придржувам на изразувањето револт и гнев, затоа што уште многу работи треба да се решат, но ќе се бориме до последен атом енергија за да ги исправиме работите“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа што мисли за најавените протести во главниот град по повод трагедијата во Кочани и смртта на 59 наши сограѓани.
– Се придружувам на изразувањето револт и гнев бидејќи уште многу работи останаа да се решат пред нас. Ќе се бориме до последен атом енергија да исправиме нешто во името на идните генерации. Направивме многу работи, поразивме многу мафијашки здруженија. Отсега па натаму би посакал да останеме фокусирани во решавање на проблемите. Ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев да го изразат преку протести, но не можам да ги оправдам политичките глодари и лешинари коишто не сакаат силна влада од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија – рече Мицкоски во Радовиш.
Инаку, по завршувањето на седумдневната жалост, за денеска се закажани два протести во Скопје, меѓу кои студентскиот напладне во 13 часот и оној на плоштад „Македонија“ во 18:59 на движењето „Кој е следен“.