Концертот на филмска музика на Кирил Џајковски одложен за 15 јуни
Концертот со филмска музика на македонскиот музичар и композитор Кирил Џајковски, кој требаше да се одржи на 6 април од 20 часот, во Националната опера и балет, поради пожарот што се случи во дискотеката во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе, е одложен на 15 јуни.

„Во овие тажни моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите и повредените во ужасната трагедија во Кочани. Во знак на почит кон сите лица погодени од оваа трагедија, концертот за филмска музика на Кирил Џајковски се одложува и ќе се реализира на 15 јуни во Националната опера и балет“, велат организаторите на настанот.
Оттаму додаваат дека сите билети важат за новозакажаниот датум без потреба за нивна замена. Ако имате потреба од рефундација, следете ги инструкциите кои ќе ги добиете на електронска пошта. Ви благодариме на разбирањето“, објави Џајковски на социјалните мрежи.