
Нови критики за Вучиќ во Србија поради посетата на повредените од Кочани
„И ова треба секој лекар, дури и секој студент по медицина, да им каже дека пациентите со изгореници се најчувствителната група на пациенти. Јас сум микробиолог. Живееме со многу микроорганизми околу нас. И додека тие се безопасни за нас здравите луѓе, кај овие пациенти тие се можни причинители за тешки инфекции кои често имаат фатален исход. Здруженијата молчат, секциите се молчи, друштвата молчат, молчи нашата лекарска комора, што ни остана“ рече Оташевиќ.
На денешната протестна прошетка на студентите и граѓаните во Ниш професорката по микробиологија на Медиционскиот факултет во Ниш, Сузана Оташевиќ, зборуваше и за тоа како политичките функционери во Србија, посебно претседателот Александар Вучиќ, ги искористил пациентите од Кочани кои се донесени на лечење во Србија за политичко рекламирање и промоција.
Таа рече дека тоа што го направил функционерите е закана по здравјето на пациентите, нагласувајќи дека „нашите властодржци, нашите владетели не ја слушаат професијата“. Или не сакаат да ја слушнат.
„И ова треба секој лекар, дури и секој студент по медицина, да им каже дека пациентите со изгореници се најчувствителната група на пациенти. Јас сум микробиолог. Живееме со многу микроорганизми околу нас. И додека тие се безопасни за нас здравите луѓе, кај овие пациенти тие се можни причинители за тешки инфекции кои често имаат фатален исход. Здруженијата молчат, секциите се молчи, друштвата молчат, молчи нашата лекарска комора, што ни остана“ рече Оташевиќ.
Студентите се собраа пред Воената болница симболично да предупредат на односот на државните и локалните функционери кон пациентите. Да потсетиме, прво претседателот на Србија ги посети тешко повредените пациенти од Кочани во Белград, а истото го направи и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ. Пред Воената болница не се слушаа свирежи или скандирања.