Студентскиот протест на платото на УКИМ не е откажан, ќе се одржи – некој манипулира
Големи политички замешателства се случуваат околу најавениот судентски протест на платото на УКИМ закажан за утре во 13 часот. Прво Независниот студентски сојуз (НСС) со порака до медиумите објави дека протестот е откажан заради политичко мешање со едно видео, за подоцна да стигне демант на тоа.

Како што велат од НСС, пленумот ќе се одржи како што е планирано, утре во 13 часот на платото на УКИМ.
Претходно и од иницијативата „Кој е следен?“ демантираа дека објавениот видео-разговор на група студенти и девојка од Србија е поврзан со нивната иницијатива. Тие велат дека немаат никаква поврзаност со тој повик, ниту се вклучени во какви било разговори за формирање на нови студентски организирања.
„Наместо да одговорат на барањата за правда, одговорност и безбедност, тие се служат со провидни манипулации, лажни вести и медиумски спинови. Притисоците од лажни профили, пропагандни медиуми, како и од полициски и параполициски структури, само дополнително ќе ја зајакнат нашата волја“, велат од иницијативата.