Маск: Твитер бесплатен за обичните корисници, но ќе плаќаат комерцијалните!

Илон Маск – директорот на „SpaceX“ и „Tesla“ кој неодамна го купи и „Twitter“, изјави дека одредени корисници во иднина можеби ќе плаќаат за користење на социјалната мрежа.

„Twitter секогаш ќе биде бесплатен за обичните корисници, но ќе ги чини комерцијалните/владини корисници“ – напиша Маск.

„Reuters“ минатата недела пренесе дека Маск им рекол на банките дека ќе пронајде начин за монетизација на твитовите.

Маск е најбогатиот човек во светот, а го купи Твитер на 26. април годинава.

https://twitter.com/elonmusk/status/1521630589710872576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1521630589710872576%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fmask-nekoi-korisnici-mozhebi-ke-plakaat-za-koristene-na-twitter