На еден пациент во Солун веќе му е направена трансплантација на кожа на рацете

На пациентите кои настрадаа во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, а се лекуваат од изгорениците во Македонија, ќе им биде направена трансплантација на кожа.

На пациентите кои настрадаа во пожарот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, а се лекуваат од изгорениците во Македонија, ќе им биде направена трансплантација на кожа.

– Сега доаѓа фазата за функционална и естетска, условно да кажам, тоа се трансплантацијата на кожни графтови. На еден пациент во Солун веќе му е направена кожна трансплантација на рацете – откри директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.

Додаде дека се во контакт со фондација од Холандија, која има банка на кожни графтови „за да донесеме кожни графотви во Македонија за да почнеме со реконструктивната фаза“.

Македонија годишно има стотина случи со изгореници. Во последните четири години, сме имале 28 случаи, од кои 6 со висок степен на изгореници (2 и 3 степен), комплицирани случќаи со изгореници со кожен графт сме имале вкупно 11 случаи и полесни со кожен графт трансплантации сме имале исто така 11 случаи.

Во 2024 година имало вкупно пет тешки случаи, со висок степен на изгореници два случаи и со кожен графт пресадување, со компликации три случаи. Во државата имаме генерално три болници со одредено искуство со изгореници, а тоа се Пластична хирургија, „Св. наум Охридски“ и Детска хирургија.

На Пластична хирургија имало два случаи со тешки изгореници во 2022, во 2023 имало седум случаи со 20-60 протценти изгореници, а во 2024 двата случаи биле со 20 односно со 60 отсто изгореници.

Во „Св. Наум Охридски“ има четири кревети во затворниот дел за изгореници.