Симоновски: Во Канада пожарникарите не дозволија да почне концерт на Тоше, затоа што луѓе седеа на скалите

Безбедноста во дискотеките и клубовите кај нас и во светот многу се разликува. Додека кај нас се свири во преполни објекти, сали и хали, во странство концертот не почнува ако не се запазени сите безбедносни мерки, сведочи музичарот Трајко Симоновски, кој свирел во бендот што го следеше и Тоше Проески.

Безбедноста во дискотеките и клубовите кај нас и во светот многу се разликува. Додека кај нас се свири во преполни објекти, сали и хали, во странство концертот не почнува ако не се запазени сите безбедносни мерки, сведочи музичарот Трајко Симоновски, кој свирел во бендот што го следеше и Тоше Проески.

– Се сеќавам кога со Тоше требаше да свириме во Канада во еден клуб, дојдоа пожарникари и рекоа концертот не може да почне затоа што на скалите седеа луѓе. Немаше повеќе слободни места на столчињата, па неколкумина седеа на скалите. Но, пожарникарите не ни дозволија да почнеме со концертот додека сѐ не се среди – се сеќава Симоновски.

Тој, во гостувањето на „Телма“ утрово направи споредба со клубовите кај нас. Рече дека тие како музичари се пресреќни кога ќе видат многу луше во некој клуб, но исто така, затоа што се музичари, не знаат колкав е капацитетот на сите дискотеки и клубови каде настапуваат.

– Видете, музиачарите „се виновни“ за нивниот настап. Кога некој таму ќе се пожали дека му е гласно, а живее во близина на некој клуб, не прашува во каква градба се одржува концертот и дали има дозволи! Не, тој ги обвинува музичарите, затоа што ние сме тие што прават врева, бучава – додава Трајковски.

Вели дека по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по 59 жртви кои загинаа по пожарот што изби поради пиротехниката, кај нас мора нешто да се смени. Мора да се спроведуваат безбедносните мерки, на задоволство на публиката и на музичарите кои настапуваат. Негов впечаток е дека не секаде во Македонија условите за настап се лоши како во „Пулс“. Има нови дискотеки, кои веројатно ги исполнуваат стандардите, вели тој, но секако, постојат и многу објекти кои се вон стандардите.

Симоновски е и претседател на здружението „Музика сега“, формирано по корона пандемијата, кога музичката индустрија претрпе голем удар.