Сали Бериша бара да биде протеран рускиот амбасадор од Албанија

Екс-претседателот и поранешен премиер на Албанија – Сали Бериша побара од Владата да го протера рускиот амбасадор во Тирана и да го повлече албанскиот од Москва.

Тој бара доведување до „максимален минимум на дипломатските односи со Русија како потврда на ставот за несогласување со овој агресор кон една слободна земја”.

„Апсурдна е одлуката на Владата да се укинат визите за руските граѓани и апелот на Еди Рама руските туристи да дојдат во Албанија. Ова беше сериозна навреда за Албанците. Каква беше оваа покана до Русите кои ја водат најнеправедната војна во целата своја долга историја. Затоа, итно барам укинување на визите за руските граѓани кои сакаат да влезат во Албанија“ – рече Бериша.