Во земјава има меѓу 80.000 и 100.000 заболени од астма

Денешниот 3. Мај е Светски ден на астмата, согласно календарот на СЗО.

Од ова сериозно заболување во светот се засегнати над 300 милиони пациенти од сите возрасни групи, напиша вечерва на Фејсбук министерот за здравство – Беким Сали.

Тој наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80.000 до 100.000 и истиот е во постојан пораст.

„Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест“ – напиша Сали.