
Што е со Центарот за изгореници што постоеше до 2016 година
Во државата нема Центар за изгореници, иако тоа го имало по сите стандарди пред 24 години, во поранешната Воена болница, но откако во дел од болницата почнала со работа приватна здравствена установа (станува збор за кардиохирургијата „Филип Втори“), граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници.
Што е со Центарот за изгореници во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешната Градска болница)? Ова прашање предпладнево беше упатено и до претседателката Гордана Силјановска Давкова при нејзината посета на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“, но таа разбирливо, не знаеше за судбината на овој Центар. „Јас не сум доктор“, рече таа додавајќи дека сепак, ќе се информира.
Последната информација за овој Центар што може да се најде на интернет е од август минатата година во прилот на МРТ, при што се вели дека пациентите со изгореници се третираат на Клиниката за пластична хирургија и во старата Градска болница во Скопје, јавува Независен.
Во државата нема Центар за изгореници, иако тоа го имало по сите стандарди пред 24 години, во поранешната Воена болница, но откако во дел од болницата почнала со работа приватна здравствена установа (станува збор за кардиохирургијата „Филип Втори“), граѓаните го изгубиле Центарот за изгореници.
Подоцна, благодарејќи на напорите на некои лекари, во 2000 година беше основан е нов Центар за изгореници кој беше сместен во старата Градска болница во Скопје, а сега Универзитетска клиника за хируршки болести. Но, и тој беше затворен откако почна реконструкцијата на оваа болница.
Занимливо е што Центарот за изгореници фигурира на официјалата интернет страница на клиниката „Свети Наум Охридски“, но опоследните податоци се за 2015 година.

Центарот дава услуги од секундарен и терцијарен вид, амбулантско поликлинички услуги, со еднодневна хирургија и со болнички дел.
Центарот за изгореници третира пациенти со екстензивни изгореници со различна длабочина, како и секвели од изгореници, третман на лузни, контрактури и др.“, се вели на интернет страницата на УК за хируршки болести.
На пациентите со изгореници, како што објаснуваат стручни лица, им се неопходни стерилни услови, што овој Центар ги поседувал – посебен влез, посебни соби без контакт со други пациенти за да се избегне опасноста од зараза и тн. Иако мал, сепак, овој Центар нудел третман за пациенти со изгореници од целата земја.
Како што пишуваа дел од медиумите изминатите години,Центарот бил опремен со хируршка сала и специјални водени кревети, а беа обезбедени соодветни стерилни услови. Центарот бил изграден со донација од владата на Јапонија.
Дел од медиумите исто така посочија дека и пред реконструкцијата на болницата во 2016, имало проблеми во функционирањето на Центарот. Така, специјалните водени кревети биле во дефект, па пациентите биле сместувани во обични кревети, при што самиот допир со чаршавите им предизвикувал дополнителна болка.
Во мандатот на претходната Влада исто така имаше идеја „Свети Наум Охридски да се пресели на нова локација, во ортопедската болница „Мајчин дом“ во Аеродром во Скопје, но и таа идеја не се реализира.
Поради сево ова лицата со сериозни повреди од изгореници, од Фондот за здравство барале пари да заминат на лекување во странство.