
Хотелите во Скопје отворени за бесплатно сместување на семејствата на повредените во трагедијата во Кочани
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат во хотелите на територија на градот Скопје.
– Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Ја поздравувам иницијативата што ја реализираат скопските хотели за бесплатно сместување. Во овие тешки моменти најважни се солидарноста и поддршката од сите, да им помогнеме на нивните родители, фамилии, пријатели колку што можеме повеќе!
Граѓаните можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120, информира Герасимовски.