Рекордни цени на бензинот и дизелот во Словенија

Рекордно високо ниво достигнаа цените на нафтените деривати во Словенија.

Литар бензин на домашните бензински пумпи „Петрол“ се продава за 1,617 евра, а дизелот стигна сума од 1,817 евра.

На бензинските пумпи на автопатиштата цената е уште повисока.

Идниот премиер на Словенија – Роберт Голоб денеска ги обвини дистрибутерите на нафтени деривати за картелско договарање за зголемување на малопродажните цени, што го овозможи владата на Јанез Јанша во заминување, која, според мислењето на Голоб, поради „политички причини не ги продолжи лимитираните цени кои беа во сила од средината на март“.

Тој изрази огорченост од одлуката на дистрибутерите, кои веднаш откако стана јасно дека владата на Јанша нема да продолжи да ги ограничува цените на горивата, побрзаа со големо поскапување.