
Адвокатот Туфегџиќ: Трагедијата во Кочани е резултат на толерирање на опасното живеење, бахатост и отсуство на одговорност
- Трагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, прогледување низ прсти од фискални причини на “дивоградби”, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност. Отсуството на професионализам, етика, морал и одговорност не доведоа до состојба што ние воопшто не сме свесни ниту одговорни кон сопствените животи, не умееме да препознаеме опасност поради трка за профит и пари, се е кај нас “ај бе нема везе иам чоек, ќе свршиме работа”, вели адвокатот Туфегџиќ.
Обраќање на адвокатот Туфегџиќ:
– Трагедијата во Кочани е резултат на нашето толерирање на опасното живеење, прогледување низ прсти од фискални причини на “дивоградби”, немањето елементарни стандарди, попустливост, бахатост и отсуство на свест за одговорност. Отсуството на професионализам, етика, морал и одговорност не доведоа до состојба што ние воопшто не сме свесни ниту одговорни кон сопствените животи, не умееме да препознаеме опасност поради трка за профит и пари, се е кај нас “ај бе нема везе иам чоек, ќе свршиме работа”.
-После секоја трагедија нашата реакција освен првичниот коментар “ страшно и трагично“, наредното е “добро е мене не ми се случи”, ќе ти се случи пријателе само не знаеш кога. Од ниту една трагедија не извлековме поука, немаме капацитет за тоа. Од сите трагедии што ни се случиле не ги памтиме жртвите, никогаш не ги дознавме вистинските причини, туку памтиме кој вршел опструкција на постапката, кој политичар што кажал и за кој “кабел” се фатил и за кого ургирал. Се сеќавате на трагедијата во Тетовската болница,одма од политичка говорница беше огласен за виновен “кабелот” и така заврши, а тоа што објектот не е соодветен за болница него за трафика нема везе, битно да го спасиме “нашиот”.
-Минатото лето во Радишани во див објект за прослави и веселби, со тарифа од 200 евра за 6 часа, нормално со логистика за “кинење” пријави за нарушување на јавен ред и мир, без било какви стандарди и дозвола за работа, пуштајќи музика од струен удар загина младо дете Љупчо Лешко и во опасност беа доведени уште 30-тина деца, никоме ништа, истрагата трае. Јавниот обвинител иако му се доставени докази, нема намера да помисли да спроведе истрага во која ќе ги повика сопственикот и менаџерот на дивиот објект, ангажираниот вештак случајно или не дојде само до “продолжниот кабел”, исто како во Тетовската болница, а тоа што немало заземјување и струја шетала секаде по вода и по земја, нема везе, пиши “несреќен случај” не е мое дете, туѓо е, башка дете на Раде и Кети а не дете на некој “чауш”.
-Од нас самите зависи дали ќе продолжиме да живееме стихијно по инерција до наредна трагедија или конечно ќе восооставиме ред, сочувство до семејствата на настраданите