Контра санкции од Русија кон непријателски лица и бизниси!

Рускиот претседател Владимир Путин како одговор за западните санкции на неговата земја потпиша указ за одмазднички економски мерки кон лица или компании од непријателските земји, а Владата има рок од 10 дена да состави нивен список.

Уредбата им забранува на федералните власти да водат бизнис со правни и физички лица за кои се применуваат мерките. Документот стапува во сила веднаш и трае сѐ до укинувањето на санкциите, јавуваат тамошните медиуми.

Оваа уредба забранува извоз на производи и суровини, произведени во Русија, надвор од земјата, доколку тие се испорачуваат во корист на лица под санкции. Документот исто така ги забранува трансакциите, од кои корист имаат луѓето кои ќе бидат под руски санкции.

Претседателот на Русија на 1. мај потпиша закон за укинување на поедноставената процедура за издавање визи со голем број европски земји.

На 7 март, руската Влада одобри и правила за вршење трансакции со странски компании од непријателски земји.