
Хорор во Грција: Ја избодел сопругата 40 пати, скршил четири ножа
Несреќната жена била избодена најмалку 40 пати со четири ножеви кои ги скршил додека брутално ја прободел. Во еден момент, иако била повредена, излегла на балконот врескајќи и барајќи помош, но сопругот ја одвлекол назад во станот и продолжил да ја боде додека не ја завршил, а потоа се фрлил од балконот.
Солун е во шок откако 54-годишен маж ја убил сопругата (44), а потоа се самоубил скокајќи од балкон.
Ова страшно злосторство се случило во средата, а сега деталите протекоа од грчките медиуми. Несреќната жена била избодена најмалку 40 пати со четири ножеви кои ги скршил додека брутално ја прободел. Во еден момент, иако била повредена, излегла на балконот врескајќи и барајќи помош, но сопругот ја одвлекол назад во станот и продолжил да ја боде додека не ја завршил, а потоа се фрлил од балконот.
Иако деталите се уште се нејасни, информациите велат дека на убиството му претходела расправија меѓу сопружниците. Полицијата истражува различни мотиви, меѓу кои и љубомора, но се уште ништо не е исклучено. Инспекторите се надеваат дека форензичарите на мобилните телефони на парот ќе обезбедат повеќе информации за причините за ова убиство-самоубиство.
За среќа, ќерките во моментот на злосторството биле надвор од куќата
Парот имал две ќерки, на возраст од 16 и 21 година, кои на толку страшен начин ги изгубиле и двајцата родители. Тие не биле дома кога се случило злосторството. Помладата ќерка во моментот на убиството била на училиште, додека постарата завршувала некоја работа.
Соседите од зградата во која живееше парот минатата година се во шок, тврдејќи дека никогаш не слушнале тепачка или врева.
-Се поздравивме, но немавме блиски односи. Никогаш не сме слушнале ништо сомнително – изјавиле за каналот Мега.
– Слушнав што се случи и дојдов да видам. Во принцип, тие не се тепаа, никогаш не правеа проблеми. И соседите рекоа дека денеска не слушнале бучава. За среќа и двете деца биле надвор од куќата – рекол братот на убиената.