Трендафилов: Добивме ниски удари од Владата, протести на 2. или на 7. април

„Очекувавме Владата да има разбирање за покачување на платите, а наместо тоа добивме ниски удари. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координираат со опозициски партии, е смешно и трагично“, рече Трендафилов.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати.

„Очекувавме Владата да има разбирање за покачување на платите, а наместо тоа добивме ниски удари. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координираат со опозициски партии, е смешно и трагично“, рече Трендафилов.

Тој најави дека ќе има големи протести на 2. ли на 7. април ако не се дојде до договор.

Трендафилов најави дека не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица и ДУИ.

Да потсетиме, првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов во гостувањето во „Трилинг“ изјави дека Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) доставил предлог во кој има неколку чекори за да се зголеми минималната плата и таа истата да достигне 30.000 денари, колку што сметаат дека е потребно за намирување на основните прехранбени прозиводи или покривање на 50% од синдикалната минимална кошница.

Загрижува тоа што, смета Трендафилов, работодавачите ги менуваат ставовите како политиката ја менува својата цел.

„Сега кога и политичката партија и владата не нападнаа како ССМ, а нападот е само поради тоа што бараме корка леб или зголемување на минималната плата, работодавачите кои претходно изјавуваа дека бараат субвенцонирање, ослободување од плаќањето на придонесите, денеска како да се лепат на Владата, односно велат дека Владата го напаѓа ССМ па сега е моментот и ние да го нападнеме па работниците да не добијат ништо.

-Но забораваат дека 70.000 членови на ССМ и 600.000 работници очекуваат од нив да испорачаат зголемување на платите и не ги и нтересираат политикантските игри и изговорите на газдите“, изјави за Трилинг, Трендафилов.

На прашањето што доколку на сите овие предлози, сугестии, ниту Владата, ниту работодавачите не излезат во пресрет и дали 600.000 работници ќе излезат на улица, првиот човек на ССМ вели дека секој еден работник доколку смета дека му е потребно зголемување на платата да дојде во синдикатот за „заедно да се избориме“.

Се прави упад во синдикалното работење

Трендафилов вели дека во моментов одредени политички играчи се обидуваат да направат упад во Синдикатот, нешто што е недозволиво.

„Упадот се прави со политичка наредба и тоа се пресликува на локално ниво. Нив треба повеќе да ги загрижува што на локално ниво имаат избори за 5 месеци. Се соочуваме со притисоци од политички играчи со цел да помогнат на друг Синдикат кој е против зголемување на платите, кој сака да го укине општиот колективен договор и кој и ветува на Владата дека ќе прифати се што ќе каже таа“, изјави за „Трилинг“ Трендафилов.