Ужас во БиХ: Млад маж убил врсник, па го исекол телото да го прикрие убиството

Млад човек вчера брутално го убил својот врсник во Високо, централниот дел на БИХ, јавува Аваз. Полицијата потврди дека вчера во 18.35 часот во Полициската станица Високо дошло лице со иницијали И.М. и пријавило дека маж со иницијали Б.Д.(2001) од Високо признал дека во неговиот стан убил лице со иницијали П.Е.(2001).

– Пронајдено е безживотно тело. Истрагата е спроведена во текот на ноќта под надлежност на дежурниот обвинител. Убиецот е уапсен“, извести локалната полиција.

Првичните информации говорат дека младиот човек ја убил жртвата, а потоа ја исекол на парчиња во обид да го скрие телото.