
Филипче: Со кој образ денеска Кочоска ќе го честита овој празник?
При тоа, потенцираше дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените и тоа од страна на носителка на висока јавна функција. Филипче истакна дека СДСМ ја осудува секоја форма на понижување и навреди меѓу жените, особено кога таа доаѓа од носителки на јавни функции.
Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денешниот традиционален Осмомартовски марш во Струмица.
При тоа, потенцираше дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените и тоа од страна на носителка на висока јавна функција. Истакна дека СДСМ ја осудува секоја форма на понижување и навреди меѓу жените, особено кога таа доаѓа од носителки на јавни функции.
-Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас. Тоа праведно општество бара од нас да бидеме гласни и да се спротивставиме секојпат кога ќе сведочиме деградација на било која жена.А најмногу кога таа деградација ќе дојде од друга жена и сред нашиот законодавен дом, кој им припаѓа на сите жени граѓанки на оваа држава. Голем срам е жена носителка на јавна функција да е таков непријател на друга жена. Со кој ли образ денеска ќе го честита овој празник? – рече Филипче.