Изложба „Љубов и насмевка за сите жени“ во ДКЦ „Карпош“

Во ЈУ Детскиот културен центар - „Карпош“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки изработени од децата од предучилишните установи од Скопје. Оваа година творбите се под мото „Љубов и насмевка за сите жени“. Изложбата се одржува по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

Во ЈУ Детскиот културен центар – „Карпош“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки изработени од децата од предучилишните установи од Скопје. Оваа година творбите се под мото „Љубов и насмевка за сите жени“. Изложбата се одржува по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

– Од градинките пристигнаа прекрасни ликовни творби кои ги изработија најмалите, децата од скопските градинки. Преку нивните творби (честитките и цртежите) се рефлектираат нивните чисти и нежни чувства, а исто така може да се види колку далеку одат детската креативност и фантазија, но и како тие си ја замислуваат својата мајка-жената и која е нејзината улога во нивниот живот, соопштија од Детскиот културен центар – „Карпош“.

Како што е најавено, покрај изложбата, за децата од градинките ќе има организирана и пригодна програма.