Хрватите во Македонија сакаат да бидат вклучени во Уставот

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој утрово пристигна во Скопје и тука ќе остане три дена.

Тие, на официјалната средба со Јандроковиќ во хрватската амбасада во Скопје порачаа дека го негуваат хрватскиот јазик, историја и наследство, но ги посочија и предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението на хрватскиот Сабор.

На Јандроковиќ му биле „укажани предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на Република Македонија“.Тој им рекол дека Саборот работи на промоција на хрватското наследство во Македонија.

Јандроковиќ денеска се сретна со претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, а потоа ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Тој ќе има и обраќање во македонското Собрание. Предвидени се и средби со хрватскиот бизнис клуб, кој обединува претставници на хрватските компании кои работат во Македонија.