Макрон: Состанок на началниците на армиите – Русија и се заканува на цела Европа

„Ако една земја може да го нападне својот сосед во Европа и да остане неказнетa, никој не може да биде сигурен во ништо. Надвор од Украина, руската закана е реална – таа ги погодува европските земји“, порача Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата рече дека идната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на сите европски армии.

Тој исто така рече дека Франција треба да биде подготвена за можноста САД веќе да не бидат „на нејзина страна“.

Изјави и дека „влегуваме во нова ера“.

„Ако една земја може да го нападне својот сосед во Европа и да остане неказнетa, никој не може да биде сигурен во ништо. Надвор од Украина, руската закана е реална – таа ги погодува европските земји“, порача Макрон.

Тој, исто така, вели дека Русија се обидува да се превооружи и ги зголемува трошоците за одбрана.

„Претседателот Путин ги крши нашите граници за да убива противници, да манипулира со изборите“, вели Макрон.

Тој спомена и како Русија ги прекршила претходните ветувања и гаранции.