За Нобелова награда за мир има 338 номинирани

Вкупно 338 луѓе се номинирани за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска норвешкиот Нобелов институт, без да ги соопшти нивните имиња.

Вкупно 338 луѓе се номинирани за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска норвешкиот Нобелов институт, без да ги соопшти нивните имиња.

Ова е значително зголемување од 286-те номинирани лани, но сепак не го надминува рекордот поставен во 2016 година, кога беа номинирани 376 лица.

Според статутот на Нобеловите награди за мир, идентитетот на номинираните се чува во тајност 50 години.

Но, и покрај ова, илјадниците предлагачи, без разлика дали се пратеници, или министри, или поранешни лауреати или универзитетски професори, можат слободно да им кажат на медиумите кого предложиле.

На пример, американскиот конгресмен Дарел Иса вчера на „Икс“ објави дека го номинирал Доналд Трамп и својата одлука ја опиша со зборовите: „Никој друг не го заслужува тоа“. Прес-службата на Иса подоцна соопшти дека оваа номинација била мотивирана од напорите на Трамп на Блискиот Исток.

Во јануари, илјадници луѓе потпишаа петиција со која се повикува Французинката Жизел Пелико, исто така, да ја добие Нобеловата награда за мир. Таа стана феминистичка икона откако стана јасно дека нејзиниот сопруг со години организирал да биде силувана од непознати мажи. За случајот минатата година беше одржан судски процес кој заврши со осудителни пресуди.

Членовите на норвешкиот Парламент соопштија дека ги номинирале поранешниот генерален секретар на ОН, Јенс Столтенберг и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и папата Франциск, за нивните напори за поддршка на мирот.