
Приведувања за злоупотреби во затворот Шутка – опфатен и екс директорот Филип Андов
Во раните утрински часови, полицијата спроведе акција низ Скопје, во која беа уапсени повеќе лица, меѓу кои и поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андонов – Сокол, како и неговиот најблизок соработник, заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот.
Во раните утрински часови, полицијата спроведе акција низ Скопје, во која беа уапсени повеќе лица, меѓу кои и поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андонов – Сокол, како и неговиот најблизок соработник, заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот.
Според првичните информации, станува збор за организирана криминална група, составена од сегашни и поранешни затворски службеници, осомничени за злоупотреба на службената положба, овозможување бегство и незаконско ослободување на затвореници.
Во пријавата поднесена против нив, како и против неколку други лица, се наведуваат сериозни кривични дела, вклучително и злоупотреба на службена положба и овластување (член 353), овозможување бегство на лице лишено од слобода (член 372), противзаконито ослободување на затвореници (член 373) и соизвршителство (член 22).
Според првичните информации, групата делувала подолг период, користејќи ги своите позиции за незаконски активности во затворскиот систем. Во тек е истрагата која треба да утврди дали и други лица биле инволвирани во оваа криминална мрежа, како и дали имало финансиски мотиви зад нивните постапки.
Од Основното јавно обвинителство информираат:
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, се вели во соопштението на ОЈО.
Инаку, Сокол беше именуван за директор на Истражниот затвор Скопје во населбата Шуто Оризари во 2020 година, а претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје. Пред тоа менаџираше локални барови и имаше еден неуспешен обид за угостител.