Шапиќ: Од денеска камери во и околу сите основни училишта и дел од градинките во Белград
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ при посетата на Командно-безбедносниот центар изјави дека од денеска со камери ќе се следи безбедносната состојба во училиштата и градинките во Белград. Тој посочи дека се опфатени сите основни училишта и дел од градинките.

Шапиќ рече дека засега е завршена првата фаза од проектот, како и дека тоа е проект од клучно значење кога станува збор за безбедноста.
„Во Командно-безбедносниот центар се наоѓаат камери од сите училишта, покривајќи ја секоја педа од секој двор. Овие камери имаат софтвер кој препознава огнено и ладно оружје и кој автоматски тука сигнализира. Ќе имаме отворена линија со полицијата, која во рок од неколку секунди ќе биде информирана за тоа што забележал софтверот“, додаде Шапиќ.