
На третата годишнина од целосната инвазија на Русија врз Украина, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш понуди да организира преговори за решавање на конфликтот, јави ДПА.
-Турција, земја на НАТО со врски и со Украина и со Русија, со задоволство би била домаќин и посредник, рече Ердоган во денешното обраќање.
Тој додаде дека за оваа тема минатата недела разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на неговата посета на Анкара.
Ердоган претходно изјави дека Турција е „идеална“ локација за потенцијални мировни преговори, потсет германската агенција.