(Видео) Во Нови Сад се избира градоначалник, атмосферата тензична

Граѓаните фрлаа со јајца кон полицајците, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот. Голем број полицајци, кои беа внатре од рано изутрина, излегоа од зградата на Собранието и го расчистија платото пред собранието во Нови Сад.

Советниците од опозицијата во новосадското собрание беа спречени да влезат во зградата и да присуствуваат на седницата на која ќе се избира новиот градоначалник. Граѓаните фрлаа со јајца кон полицајците, а советниците се обидоа да го пробијат кордонот пред влезот. Голем број полицајци, кои беа внатре од рано изутрина, излегоа од зградата на Собранието и го расчистија платото пред собранието во Нови Сад.

Голем број полицајци утринава пристигнаа во градското собрание на Нови Сад каде денеска се одржува седница за избор на нов градоначалник. По тој повод се очекува протест организиран од новосадската опозиција, јавува Нова.рс.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на новосадското Собрание, денешната седница започна во 10 часот. И уште во 6 часот и 30 минути утринава полициски службеници почнаа да го обезбедуваат објектот.

Полицијата во полна опрема

Според видеата објавени на социјалните мрежи, полицајците стационирани на влезот биле целосно опремени.

Во 7 часот, според видео снимките, полициски автомобили пристигнале пред градското собрание на Нови Сад. Набргу потоа, друга група полицајци пристигна во зградата на парламентот во Нови Сад.

Само 15 минути подоцна, јавува Нова.рс, пристигнале уште минибуси. Како што вчера објави порталот Нова.рс, обезбедувањето и неидентификувани лица со качулки, без обележја, вчера поставувале ограда пред градското собрание.

СНС планира да гласа за свој човек за нов градоначалник

На оградите кои се поставени ги има ознаките на Јавното комунално претпријатие Паркинг сервис.

Инаку, здружената новосадска опозиција ги повика граѓаните на протест во 9:30 часот за да го изразат своето незадоволство од обидот на СНС да избере нов градоначалник против волјата на мнозинството граѓани.

Имено, кандидатот за градоначалник на Нови Сад е советник во собранието на Нови Сад од листата „Александар Вучиќ Нови Сад утре“, Жарко Миќин, објави неодамна Градското собрание.

Тој е шеф на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ и еден од неговите најблиски соработници.

Претходниот градоначалник Милан Ѓуриќ на 28 јануари поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад.

„Како одговорен човек и одговорен политичар, неотповиклива поднесувам оставка од функцијата градоначалник на Нови Сад. Стабилноста и смирувањето на тензиите и запирање на понатамошните поделби во општеството се клучни услови за понатамошен напредок и развој на Нови Сад и за подобрување на животот на жителите на Нови Сад“, рече тогаш тој.

На дневен ред ќе биде избор на градоначалник, заменик градоначалник и членови на Градскиот совет на градот Нови Сад, соопшти денеска новосадското собрание.