Фон дер Лајен во Киев на 3-годишнината од инвазијата: „Судбината на Европа е во прашање“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија врз Украина.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово со воз пристигна во Киев по повод тригодишнината од руската инвазија врз Украина.

По тој повод таа рече: „На третата годишнина од бруталната руска инвазија, Европа е во Киев. Денеска сме во Киев, бидејќи Украина е Европа“.

„Во оваа борба за опстанок, не е загрозена само судбината на Украина, туку и судбината на Европа“, додаде таа во објавата на Икс.