
Папата Франциск е во критична состојба, соопшти Ватикан
Д-р Серџо Алфиери, шеф на медицина и хирургија во болницата „Џемели“, рече дека најголемата закана со која се соочува Франциск е тоа што некои од бактериите кои се наоѓаат во неговиот респираторен систем преминуваат во крвотокот, предизвикувајќи сепса. Болеста може да доведе до откажување на органите и смрт.
Ватикан соопшти дека папата Франциск е во критична состојба откако претрпе долга астматична респираторна криза која бараше високи дотоци на кислород.
Фрaнциско е хоспитализиран една недела поради комплексна инфекција на белите дробови.
Ватикан во саботата соопшти дека Франциск примил трансфузија на крв откако тестовите покажале состојба поврзана со анемија. 88-годишниот папа веќе една недела е во болница поради комплексна инфекција на белите дробови.
Во соопштението се вели: „Светиот Отец и понатаму е буден и го помина денот во фотелја, иако со повеќе болки од вчера. Во моментов прогнозата е резервирана“.
Претходно, лекарите рекоа дека Франциск боледува од пневмонија и комплексна респираторна инфекција и дека неговото здравје и натаму е добро. Се очекуваше тој да остане во болница најмалку уште една недела.
Франциск, кој има хронично белодробно заболување, беше примен во болницата „Џемели“во Рим на 14 февруари, откако се влоши еднонеделниот напад на бронхитис.
Лекарите прво дијагностицираа комплексна вирусна, бактериска и габична инфекција на респираторниот тракт, а потоа и појава на пневмонија на двата бели дробови.
Тие му препишаа „апсолутен одмор“ и комбинација на кортизон и антибиотици, заедно со дополнителен кислород кога ќе му треба.
Д-р Серџо Алфиери, шеф на медицина и хирургија во болницата „Џемели“, рече дека најголемата закана со која се соочува Франциск е тоа што некои од бактериите кои се наоѓаат во неговиот респираторен систем преминуваат во крвотокот, предизвикувајќи сепса. Болеста може да доведе до откажување на органите и смрт.
„Тој знае дека е во опасност“, додаде Алфиери. „И тој ни рече да го пренесеме тоа“.