Средба на Пендаровски со Веселенскиот Патријарх г. Вартоломеј Први Цариградски

Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул остварил средба со неговата Сесветост г. г. Вартоломеј Први, Архиепископ Константинополски на Нов Рим и Вселенски патријарх.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а, во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската Патријаршија како врховно институционално тело во православието.

Инаку, ова не е прва средба на Пендаровски со Вартоломеј. Во март 2023 година, Пендаровски како претседател, исто така во Истанбул, на средба со Вартомолеј искажал благодарност до вселенскиот патријарх за посебната улога што ја има во надминувањето на црковниот спор поврзан со Македонската православна црква.