Мицкоски и од Вашингтон најавува дека ќе ги смени судиите и обвинителите
Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон во своето излагање за трансатлантските односи на Западен Балкан во Европскиот центар при Атлантскиот совет порача и дека ќе ги смени судиите и обвинителите, затоа што „биле поставени од претходната власт“.

„Кога луѓето ме прашуваат: Што правите? Што можете да кажете за ова? Што точно правите во моментов? – мојот одговор е секогаш ист: Ние се бориме против нив, и тоа одлучно.
Имаме одлични закони напишани на хартија, но проблемот е во нивната примена. А кој е одговорен за спроведувањето? Обвинителите и судиите. Како тие стануваат обвинители и судии? За жал, тие се назначени од оние кои самите станале политички криминалци. Нашиот прв приоритет е да го смениме начинот на размислување на обвинителите и судиите, за да носат одлуки врз основа на законите и Уставот – а не според барањата на политичарите што ги избрале“,порача Мицкоски во Вашингтон.