Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште

Родителите на учениците во основни училишта во Нови Сад утрово спроведоа акција за поддршка на наставниците во прекинот на наставата

Родителите на учениците во основни училишта во Нови Сад утрово спроведоа акција за поддршка на наставниците во прекинот на наставата.

На оградите и на влезовите на училиштата оставија пораки „Нема правда – нема училиште“, „Без ’рбет – нема училиште“, „Без безбедност – нема училиште“, „Без совест – нема училиште“, „Без емпатија – нема училиште“.

Една од пораките е „Нема Предраг – нема училиште“, а се однесува на наставник во ОУ „Милош Црњански“ кому не му бил продолжен договорот поради поддршка на студентите.

Акцијата е координирана од Форумот на родители на основните училишта во Нови Сад, кои ги поддржуваат наставниците во прекинот на наставата.